Почитувани граѓани,
Скопје, 31 декември 2021
,,Почитувани граѓани,
Во пресрет на Новата Година, сакам да се навратам наназад и уште еднаш да се потсетам на предизвиците и тешкотиите низ кои поминавме оваа година.
Започнавме многу важни процеси, кои се директно поврзани со благосостојбата на граѓаните и европската иднина на државата. Со помош на мојот тим, моите соработници и со помош на секој граѓанин оваа цел е многу остварлива.
Да дадеме се од себе во оваа година што доаѓа, да изградиме подобро место за живеење, место со европски стандарди и вредности каде што ќе можеме да ги срушиме сите бариери и да изградиме само комуникациски мостови.
Посакувам се најдобро за вас и вашите семејства и успех на професионален аспект.
Среќна Нова Година!"