Шаќири: Фокусирани на иднината и новите предизвици

Скопје, 14 јануари 2022

"Денеска го завршив мојот последен ден како министер за информатичко општество и администрација.

Од мојот прв ден на преземање на oваа функција до последниот ден, мојата работа се карактеризираше и се водеше според принципот на транспарентност и чесност, бидејќи верувам дека чесноста е најдобрата политика.

Овој период беше полн со предизвици и достигнувања. Реформа на јавната администрација, Законот за висока раководна служба, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, дигитализација на услугите, проектот „Една точка за услуги„, системот за интероперабилност, дигиталната идентификација, националната ИКТ стратегија, унифицирани веб-страници, Стратегија за отворени податоци, системот за управување со документи (ДМС), Проектот за сајбер безбедност, „Roam like at home“, подобрување на телекомуникациската мрежа, усогласување на домашното и европското законодавство во областа на медиумите се неповратни процеси за чија реализација работевме и работиме со најголема посветеност.

Овие процеси се незапирливи и неповратни, како и патот на Северна Македонија кон евроатлантските интеграции и Европската унија. Затоа сум подготвен да му ја понудам мојата поддршка и совет на идниот министер, за реализацијата на овие процеси да продолжи без пречки.
Веќе целиот мој фокус е посветен на иднината и новите предизвици што таа ги носи. Познавајќи се себеси и водејќи се од принципите на транспарентност и чесност во работата, верувам дека успешно ќе го надминам секој предизвик со кој ќе се соочам."

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони