Работилница за евалуација на РЈА 2018 – 2022 и препораки за новата Стратегија и акцискиот план 2023-2030

Охрид, 4 и 5 јули 2022

МИОА ја одржува втората работилница за ,,Евалуација на реформата  на  јавната администрација 2018 – 2022 и препораки за новата Стратегија и акцискиот план", со поддршка на РеСПА.

Работилницата се одржува во Охрид, водена од страна на Александар Пановски, експерт ангажиран од РеСпа и брои 29 учесници: претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Генерален Секретаријат, Министерство за труд и социјална политика, канцеларија на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Агенција за администрација, Секретаријат за европски прашања, Завод за статистика, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државна комисија за спречување на корупцијата и од Канцеларијата на Претседателот на Владата.

Учесниците имаат практична работа, поделени во работни групи за секоја од четирите приоритетни области од Стратегијата и работат на целите и мерките кои произлегуват од истата во насока на подготовка на поуспешна нова Стратегија.  

Од оваа работилница ќе биде подготвен извештај за евалуација.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони