Одржан првиот состанок на Управниот одбор на министерскиот систем на МИОА за спроведување на процесот за реорганизација

 
Скопје, 22 јули 2022
 
Денеска се одржа првиот состанок на Управниот одбор на министерскиот систем на министерството за информатичко општество и администрација за спроведување на процесот за реорганизација, согласно ИПА проектот ,,Поддршка на државната реорганизација“.
 
Состанокот го отвори министерот Адмирим Алити, истакнувајќи дека основната цел е да се оптимизира целокупната институционална рамка, преку реорганизација на органите на државна управа, агенциите и инспекциските служби од централна власт.

Процесот на реорганизација и оптимизација на државната администрација, агенциите и инспекциските служби на централно ниво има за цел да ја зголеми ефикасноста и ефективноста на државните институции, нудејќи професионална администрација со квалитетни услуги.
 
Силно се стремиме за професионална администрација во служба на граѓаните, која ги исполнува европските вредности и стандарди за добро владеење.
 
Според министерот Алити, важно е да се донесе новиот системски Закон за организација на органите на државната управа, за што е потребна поддршка од сите актери во политичкиот процес.

На состанокот беше направена презентација на досегашната успешна работа и беше утврдена динамиката за во наредниот период, со интензивни активности што ќе се спроведат во таа насока.
 
Договорено е наскоро да се одржи следниот состанок на којшто ќе се донесат заклучоци за препораките и следните чекори за спроведување на пилотирањето на реорганизацијата на министерскиот систем за информатичко општеството и администрација.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони