Работна средба Алити-Тунјан

Скопје, 14 септември 2022

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа работна средба со Баграт Тунјан - тим лидер за стратешко планирање и развој на политики во СИГМА и менаџер во Северна Македонија, со кого се разговараше за актуелната состојба во однос на процесот на реорганизација на институциите.

На оваа средба се истакна континуираната поддршка на СИГМА во процесот на реформите во јавната администрација, како и во креирањето на новата Стратегија 2023-2030 година, што ќе овозможи создавање висока раководна служба, зголемен професионализам и ефикасност на администрацијата, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

Алити и Тунјан се согласија дека оваа Стратегија носи важна тежина во деполитизацијата на институциите и развојот на демократските стандарди и вредности, што ќе и овозможи на земјата да направи чекор напред на патот кон членство во ЕУ.

Договорено е ваквите состаноци да продолжат за да се утврдат следните чекори и да се евалуираат прелиминарните чекори во овој процес.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони