Одржана работилница за реорганизација на Министерството за економија на 22 и 23 септември 2022 во рамките на ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“

Извештајот за реорганизација на министерскиот систем на Министерството за економија (МЕ), подготвен од страна на ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“, предвидува неколку предлози за реорганизација на структурата на МЕ, креирање Директорати за сите главни области на политики, кои пак ги опфаќаат сите подполитики, на тој начин обезбедувајќи можност за интегрирано раководство на управувањето со политиките за кои се одговорни. Во однос на хоризонталните функции, се предлага воспоставување на Директорат за административна поддршка.

Во Министерството за економија креирана е Работна група за спроведување на погоре наведените предлози со поддршка од експертот Јурис Стинка, поранешен Државен секретар во Министерството за економија на Латвија. Работната група одржа состанок на 8 јули 2022 год. за да ги разгледа предлозите на експертите и да се договорат за следните чекори. За предлозите се дискутираше и со Државниот секретар на МЕ, г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ и Министерот за економија, г-дин Крешник Бектеши. Беше донесен заклучок дека треба да се направат дополнителни работи пред да се одлучи за структурата на Министерството: анализа на функциите, анализа на работните задачи, преглед на приоритетите и анализа на достапните ресурси.

На 27 јули 2022 год., Министерот Бектеши го одобри работниот план за реорганизација, со кој се предвидуваат следните активности до 30.06.2023 г.:

- функционална анализа и анализа на работните задачи на сите структурни единици на министерството;

- Идентификување на приоритетите, каде сè треба да се распределат дополнителни ресурси;

- Идентификување функции за имплементација, кои би можеле да бидат делегирани на агенции;

- Дефинирање критериуми за структурата (области на политики, број на вработени во структурните единици);

- Нацрт нова структура за министерството.

- Одобрување нова структура на министерството.

- Подготовка и одобрување списоци на вработени, опис на работни места и други внатрешни документи.

- Организирање трансфер на вработени на нови позиции.

Работата на функционална анализа и анализата на работните задачи е во тек, а за реорганизација на структурата на министерството потребен е ангажман од сите структурни единици.

Семинарот го отворија Државниот секретар на МЕ, г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Тим лидерот на ИПА проектот, д-р Слаѓана Тасева и советникот во МИОА г-ѓа Лаура Ајдини.

Г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ напомена дека: „Реорганизацијата ќе ја подобри ефикасноста на министерството, ќе ги разјасни неговите функции и ќе направи поефикасно искористување на ресурсите“.

Г-дин Дрилон Исеини, извршен директор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија и г-ѓа Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија ги изразија своите очекувања од многу потребната реорганизација на Министерството за економија, за да се осигура дека Министерството ќе стане поефикасна поддршка на бизнис секторот.

 

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони