Алити од Брисел: Остануваме посветени на усогласувањето на нашите закони со оние на ЕУ
26 септември 2022
Денеска во Брисел, во просториите на Европската комисија, продолжува уште еден циклус објаснувања како дел од скрининг процесот и во однос на Функционирањето на демократските институции.
Вреди да се нагласи дека важен дел од објаснувањата е посветен на еден од столбовите на нашите институционални одговорности, претставен преку аудио и аудио-визуелните активности и услуги. Дел од појаснувањата беа и елементите поврзани со професионализацијата на медиумите, регулирањето на прашањето за поддршка на медиумите како и независното новинарство.
Несомнено, продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на усогласување на нашите закони со оние на ЕУ!