Работна средба на министерот Алити со ректорот Никола Јанкуловски
Скопје, 20 октомври 2022
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, денеска се сретна со ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје, г-дин Никола Јанкуловски.
Алити, заедно со ректорот, разговараа за предизвиците во идните планови, при што се осврнаа на прашањата и можностите за создавање поефикасен систем во администрацијата и давање услуги.

Тргнувајќи од фактот што ваквите институции директно влијаат на создавањето на нови професионални рамки, го прават уште почувствителен и поважен, затоа министерот Алити нагласи дека МИОА останува отворено за соработка и поддршка во реформите и позитивните промени.