Дискусија околу Националната стратегија за сајбер безбедност 2023- 2026

Скопје, 11 ноември 2022

Во процесот на креирање на успешна стратегија за сајбер безбедност има потреба од дефинирање на безбедносните цели и одредување дали одговорностите се соодветно доделени во одржувањето на безбедноста и градењето на сигурен Интернет за државата и нашите граѓани.

За да имаме успешна стратегија, потребно е истата да се креира во партнерство и во согласност со сите засегнати страни.

МИОА како надлежна институција за  процесот на изработка на Националната стратегија за сајбер безбедност,  изработил документ за дискусија на платформата ЕНЕР во следниот линк https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=45,  која како тема ја третира идната Национална стратегија за сајбер безбедност  2023-2026.

Целта е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедност, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија над истото поле.

Сајбер безбедноста е важна за сите и затоа е важно да се чујат ставовите на малите, средните и големите бизниси, на индустриските тела, академијата, невладините организации, владините агенции, групи на заедницата и членови на јавноста.

Во содржината на објавениот документ, со цел да ги осознаеме Вашите мислења и идеи на оваа тема, отвараме неколку теми и прашања за кои се надеваме дека би сакале да го дадете Вашиот придонес и да ги споделете со нас Вашите одговори.

Само со заедничка тесна соработка на Владата, академијата, индустријата и граѓанските заедници можат да ја зајакнат сајбер отпорноста на национално ниво и да обезбедат просперитет и заштита на онлајн интересите на сите.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони