Работна средба со Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ
Скопје, 15 декември 2022
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити денеска го пречека директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, г-дин Илбер Села,, со кого разговараше за можностите за соработка во однос на ефикасноста на јавните институции, обезбедување и олеснување на институционалните процедури преку имплементација на албанскиот јазик, за да бидеме што попродуктивни и поблиски до граѓаните.
Соговорниците се договорија средбите да продолжат во насока на воспоставување конкретни чекори на соработка.