10-та седница на Советот за реформа на јавната администрација
Скопје, 15 декември 2022
Денеска во Владата на Република Северна Македонија се оддржа 10-та седница на Советот за реформа на јавната администрација.
„Потребно е секоја институција да ја прецизира својата одговорност при спроведувањето на Акцискиот План. Притоа, треба да се дефинираат мерки и активности за кои ќе има доволно ресурси и ќе имаат директно влијание врз граѓаните и економијата односно јавниот сектор како давател на јавни услуги“, рече министерот Алити.
Министерот Алити истакна дека следните чекори се во насока на донесување на соодветна законска регулатива која претставува основа за понатамошно професионализирање на администрацијата и високата раководна служба, како и реорганизација на органите на државната управа, со цел навремена имплементација на активностите предвидени во Акцискиот план од Стратегијата за РЈА (2018 -2022).