Алити: Силната сајбер безбедност и правна основа ја одржуваат сечија работа онлајн заштитена

Скопје, 19 декември 2022

Министерството за информатичко општество и администрација, со поддршка на Американска агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија-USAID CIDR Програмата, и експерти од областа на сајбер безбедноста од PMCG, денеска организираше еднодневна консултативна правна работилница за сајбер безбедност.

Целта на работилницата беше воспоставување на отворена комуникација за потребата од Закон за сајбер безбедност, специфики и импликации за различните сектори, како и одредување на соодветна правна рамка.

Министерот Алити потенцираше дека дел од тоа да се биде сајбер-паметен е разбирањето на законитоста на сајбер-безбедноста. Тој додаде дека свесноста за обврските и правните елементи на нашата програма за сајбер безбедност е суштинска компонента не само за исполнување на усогласеноста, туку и за намалување на дополнителниот ризик од трошоци, углед и губење на деловни можности. Силната сајбер-безбедност и правна основа ја одржуваат сечија работа онлајн заштитена и просперитетна, рече Алити.

Алити истотака, нагласи дека Министерството за информатичко општество и администрација и тој како министер секогаш се отворени, инклузивни и подготвени да соработуваат со невладините организации, приватниот сектор и јавните институции да ја споделат нивната експертиза, знаење, а воедно да дадат поддршката при собирањето на потребните акти при изготвување и донесување на Законот за сајбер безбедност.

……………..

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони