ReSPA - Започнување на процесот на регрутирање

Почитувани членови на Управниот одбор,

Задоволство ни е да ве информираме дека вчера го потпишавме договорот за Акцискиот грант (потпишан од ЕК на 14 декември), со што се комплетираше потписот за Грантот. Датумот на имплементација на Грантот започнува од 1 јануари 2023 година, со што се обезбедува непречено продолжување на зајакнатите регионални активности за поддршка од страна на ReSPA.

Дополнително, со задоволство ве информираме дека по усвојувањето на Забелешката за евиденција поврзана со вработувањето на персоналот за проектот, како и Профилите на работни места, на последниот 55-ти состанок на GB SL кој се одржа на 14 декември 2022 година, Секретаријатот на ReSPA го започна процесот на регрутирање за слободните работни позиции според претстојниот договор за грант од ЕК:

• 3 меѓународни позиции (Службеник за управување со партнерства и знаење; Службеник за иновации и дигитализација на јавни политики; Службеник за комуникација и видливост) и

• 1 техничка позиција (Асистент на проект).

 

Огласите заедно со профилите за работните места се објавени на следните линкови:

• Службеник за иновации и дигитализација на јавни политики https://www.respaweb.eu/0/tenders/320/vacancy-announcement-public-policies-innovations-and-digitalization-officer

• Службеник за управување со партнерства и знаење https://www.respaweb.eu/0/tenders/319/vacancy-announcement-partnership-and-knowledge-management-officer

• Службеник за комуникација и видливост https://www.respaweb.eu/0/tenders/317/vacancy-announcement-communication-and-visibility-officer , и

• Асистент на проект https://www.respaweb.eu/0/tenders/318/vacancy-announcement-project-assistant

Ве молиме имајте предвид дека огласите за слободни работни места ќе бидат отворени до 20 јануари 2023 година, 17:00 часот.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони