МИНИСТЕР
Министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за информатичко општество и администрација на 31 Август 2020 година.

Јетон Шаќири смета дека државната и јавната администрација е првиот контакт на граѓаните со државата, затоа на граѓаните мора да им се нуди побрз и полесен начин до исполнување на секојдневните потреби и обврски.  Со тимска работа, целосна дигитализација на услугите и воведување соработка помеѓу институциите ќе се постигне транспарентна, ефикасна и модерна администрација, која ќе му служи на секој граѓанин и секој граѓанин еднакво да се третира, што ќе помогне и за достигнување на Европските стандарди.

Јетон Шаќири е роден на 17.03.1987 година во Струга, каде завршува основно и средно образование (гимназија).
Во академската 2005/08 година се запишува на Економскиот факултет при Државниот универзитетот на Тетово – Скопје, каде дипломира во 2008 година.   
Во академската 2008/2010 година се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2010 година со одбраната на магистерскиот труд се стекна со научен степен магистер на економски науки.

Во академската 2010/2011 година се запишува на докторски студии на Универзитетот на Тирана, Р.Албанија на Економски факултет и на 16.09.2016 ја одбрани докторската дизертација под наслов “Банкарскиот надзор и предизвиците при реализација на Базел II и Базел III во Р.Македонија. (Анализа која е направена врз основа на поуките од финансиската криза од 2008-2009 година).
Неговото искуство како предавач на група предмети по економски науки го почнува многу млад.

01.09.2008 – 12.11.2010
Соработник по група предмети од областа на економските науки - помлад АСИСТЕНТ
Факултет за економски науки,
Меѓународен универзитет во Струга

12.11.2010 – 06.12.2013
Соработник по група предмети од областа на економските науки - АСИСТЕНТ
Факултет за економски науки,
Меѓународен универзитет во Струга

06.12.2013 – 29.11.2016
Соработник по група предмети од областа на економските науки – АСИСТЕНТ - ДОКТОРАНТ
Факултет за економски науки,
Меѓународен универзитет во Струга

29.11.2016 – во тек
Наставник по група предмети од областа на економските науки – ДОЦЕНТ
Факултет за економски науки,
Меѓународен универзитет во Струга

Во периодот од 2008 до 2016, д-р Јетон Шаќири бил член на организациониот одбор на неколку меѓународни научни собири.  
Д-р Јетон Шаќири има учествувано на многу симпозиуми, конференции и тркалезни маси во Република Северна Македонија, Р.Албанија, Р.Косово, во соработка со домашни и меѓународни организации и тела.
Неговите менаџерски вештини ги покажа при успешното управување со МЈП “Проаква” – Струга во периодот Јуни  2018 - Декември 2019 година и ЈП “Водовод и канализација”- Струга во периодот јануари– август, 2020 година.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони