ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР

Д-р Елвин Хасан е назначен за Државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација на 21 јануари 2022 година
Г-дин Хасан е роден на 10.04.1985 година, во Штип. Од најраната возраст е активно вклучен во општествените текови и политичките случувања во земјата, преку невладиниот сектор и активна инволвираност и придонес во политичката сфера во Република Северна Македонија.
Основното и средното образование го завршил во Радовиш, по што дипломирал на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Магистрирал и докторирал на Институтот за педагогија при УКИМ, при што се фокусирал на менаџментот во образованието.
Завршил постдокторски студии на Институтот за образовни науки на државниот универзитет во Анкара, Република Турција во 2016 година, при што фокусот на студиите бил на управување со образованието и јавни политики.
Кога станува збор за неговото работно искуство, г-дин Хасан има работено во повеќе области.
Имено како граѓански активист, во периодот од 2011 до 2013 година бил потпретседател на невладината организација „УФУК“, во која од 2013 до 2016 година бил секретар, а од 2016 до 2018 година бил назначен за претседател.
Како дел од неговата работа и ангажман во „УФУК“, работел на различни проекти со фокус на етаблирање на врските со институции, невладини организации и стопански комори од Република Турција, од Балканот и од земјите на турската дијаспора.
Од 2012 до 2014 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук на македонски јазик“.
Од од 2014 до 2015 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук Дергиси“ на турски јазик кое е од меѓународен карактер.
Од 2016-та година е главен и одговорен уредник на порталот и е-списание „Хабер Македонија“.
Работата во сферата на образованието му започнала како одделенски наставник на турски јазик.
Понатаму, г-дин Хасан бил асистент на групата на турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а бил ангажиран и на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ во Скопје, како и на Меѓународниот универзитет „Визион“ во Гостивар.
Во периодот од 2016 до 2018 година бил заменик-директор на Државниот испитен центар.
Во периодот од 2018 до 2020 година, г-дин Елвин Хасан бил назначен за Министер во Владата на Република Северна Македонија задолжен за странски инвестиции.
Низ годините, д-р Елвин Хасан има објавено повеќе научни трудови. Активен говорител е на турски, македонски и англиски јазик.