Сподели:

ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР

Елена Манчева е назначена за Државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација на 30 октомври 2020 година.

По образование, таа е дипломиран инженер по информатика. Родена е во Кочани, на 7. III. 1979 година. Основното и средното образование ги има завршено во Кочани, по што продолжува со студирање на Институтот по информатика на Природно-математичкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2017 година има магистрирано на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на студиската програма Јавна администрација, со тема „Одговорноста на јавната и државната администрација (законска поставеност, сегашна состојба и перспективи)“.

Уште како студент станува дел од тимот којшто одговараше на Прашалникот од Европската комисија, во тогашниот Сектор за евроинтеграции, Генерален секретаријат на Владата. Во 2006 година, се вработува во Секретаријатот за европски прашања каде што останува до 2011 година. Од 2011 година до актуелното назначување е вработена во Министерството за информатичко општество и администрација, при што последните три години е советник за ИКТ на министерот. Член е на е-Government групата при RESPA и компонентна контакт точка за Дигиталната агенда во Координативното тело за градење и спорведување на Регионалната економска област во Западен Балкан.

Елена Манчева има посетено и успешно заокружено обуки по: Управување со проектен циклус (Коцка, ГТЗ), Стратешко планирање (ЦИРа), Антикорупциски мерки и етика во државната служба (МИОА), Управување со квалитет (RESPA), Сезонска школа за брз развој (RESPA). Покрај тоа, има следено и успешно завршено работилници и обуки од Microsoft, меѓу кои и: Planning, Implementing and Maintaining a Microsoft Windows Server 2003 Active Directory Infrastructure, Designing Security for Microsoft Network, Implementing and Managing Microsoft Exchange Server 2003, Implementing Microsoft Internet Security and Acceleration Server 2004, Designing and Managing a Windows Public Key Infrastructure, Designing IT Platform Collaborative Applications with Microsoft SharePoint Server 2003 и други.

Нето-платата на државниот секретар е 59.947 ден.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form