Скопје, 11 февруари 2021
Ова меѓу другото го изјави министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, на настанот на кој беше презентиран извештајот за мониторингот над препораките од финалниот извештај за проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”. Настанот е во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција, поддржан од Холандската амбасада.