ПОВИК за доставување коментари во однос на Нацрт Стратегијата за РЈА и Акцискиот план [1]

Скопје, 15 јуни 2017 година
Согласно првата консултативна работна средба за Демократски реформи на јавната администрација, а во однос на завршување на нацрт Стратегијата за реформа на јавната администрација (2017-2022) и нацрт Акцискиот план, ги повикуваме граѓанските организации и сите засегнати страни да достават коментари и предлози во однос на нацрт документите, како и да ги погледнат коментарите на овие два документи доставени од СИГМА.
Документи:
Нацрт Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2017-2022 [2]
Draft - Public Administration reform strategy 2017 - 2022 [3]
Нацрт Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2017-2022 [4]
Draft - Action plan for public administration reform strategy 2017 - 2022 [5]
Сите коментари и предлози сте добредојдени да ги доставувате на srja@mioa.gov.mk [7], најдоцна до 30 јуни, 2017 година.
Министерство за информатичко општество и администрација