Заменик министерот Бајдевски се сретна со координаторите на програмата Еразмус+ [1]

Скопје, 6 декември 2019
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, се сретна со координаторите на програмата Еразмус+ од Турција, Латвија и Италија и Северна Македонија.
За време на средбата беше извршена презентација на проектот Роботика и кодирање, дел од програмата Еразмус+, во чии рамки е вклучена размена на наставен кадар помеѓу Македонија, Турција, Латвија и Италија. Координаторите на проектите Ива Стојановска Јакимовски од СЕПУГС Васил Антевски Дрен , Емре Девичи координатор од Турција и Микеле Олива координатор од Италија, како и Екатерина Садоваја од Латвија-генерален координатор на проектот, го претставија проектот секој од свој аспект, очекувањата од истиот и целта која треба да се постигне по двегодишната соработка.
Проектот има за цел да ги оспособи наставниците да користат различни програмски јазици, кои би ги примениле во наставата со учениците. Осовременување на наставниот процес во училиштето и размена на култури и искуства меѓу партнерите е само дел од бенефитот кој ќе произлезе од проектните активности.
Присутните разменија искуства со заменик министерот Александар Бајдевски околу модерната технологија, како таа се имплементира во секоја од државите и како влијае на наставниот процес.
Заменик министерот Бајдевски од своја страна изрази задоволство од посетата и истакна дека ваквиот вид на соработка меѓу земјите е од големо значење, од аспект на економски развој, но и за новите искуства кои ќе се стекнат.
Министерство за информатичко општество и администрација