Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Во Битола се одржа петтата јавна трибина за дигитализацијата

Во Битола се одржа петтата јавна трибина за дигитализацијата [1]

Битола, 17 февруари 2020 година

Петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата денеска се одржа во Битола. На трибината говореа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Свој осврт даде и проректорот за настава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола проф. д-р Игор Неделковски.

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk [2], преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019-та започна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/2835
[2] https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fuslugi.gov.mk%2F%3Ffbclid%3DIwAR3l9dkYVSXxIS3BPOBe_vGMnXqbdgYDVTbviyRzp8apnfC4oK1F7KGpN7Y&h=AT0u_naMTzLlzjFegSBStmcInMbzX4QHhZ-GZQDauyC5jdjizhmQay_7J4p-pbkU-S9Zf1ajtJ_zbbdLtKXScrpJUASyEBN3wMPqBOeqUan8-6In2WhIsHxcBZKtOt0fJA