Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Зајакнување на е-влада (EuropeAid/140244/DH/SER/MK)

Зајакнување на е-влада (EuropeAid/140244/DH/SER/MK) [1]

Дигитализацијата на услугите и регистрите е стратешка цел на владата на Република Северна Македонија. Во таа насока е и проектот во тек „Зајакнување на е-влада“ (Enhancing e-government, EuropeAid/140244/DH/SER/MK), финансиран од програмата ИПА 2017, а чија имплементација започна во третиот квартал 2020 година.

Целта на проектот е да се зголеми бројот на достапни електронски услуги на Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk), како за граѓаните, така и за правните лица. Во рамки на проектот се планира дигитализација на услуги и дигитализација на регистрите потребни за услугите. Главни придобивки ќе бидат кратењето на времето за испорака на услугите и зголемување на квалитетот на електронските  услуги.

Главни корисници и партнери во имплементација на проектот се Министерството за информатичко општество и администрација и Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции.  Крајни корисници се институциите чии услуги и регистри ќе се дигитализираат:

  • Министерство за внатрешни работи;
  • Министерство за економија;  
  • Министерство за правда;
  • Министерство за животна средина и просторно планирање;
  • Министерство за здравство;
  • Министерство за труд и социјална политика;
  • Министерство за транспорт и врски;
  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Агенција за катастар на недвижности;
  • Агенција за вработување;
  • Агенција за енергетика;
  • Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги;
  • Агенција за храна и ветеринарство;
  • Институт за акредитација;
  • Управа за водење на матични книги;
  • Фонд за пензиско и инвалидско осигурување;
  • Фармацевтска комора.

 

Дигитализираните услуги ќе бидат достапни на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk [2], додека за дигитализација на регистрите во рамки на проектот се работи на развој на ново решение, еСИР [3].


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/3465
[2] https://uslugi.gov.mk/
[3] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/3464