Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Честитка на министерот Шаќири за одбележувањето на 30 годишнината од независноста

Честитка на министерот Шаќири за одбележувањето на 30 годишнината од независноста [1]

Скопје, 8 септември 2021

Почитувани сограѓани,

Честит „8 Септември“, ден на независноста на Република Северна Македонија!

Денеска се навршуваат 30 години од прогласувањето на независноста на државата. Во прославата на оваа јубилејна годишнина, имаме можност да погледнеме наназад и да го видиме тешкиот и успешен пат за да стигнеме овде.

Соживотот, вредностите, еднаквоста и инклузивноста се локомотивата што ќе ја повлече оваа земја кон поголеми успеси, кон евроатлантската интеграција.

Нека оваа годишнина биде почетна точка за уште посветла иднина за нас!

 


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/3590