Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Министерот Алити учествуваше на настанот во Тирана: Дијалози за дигиталната агенда – „Целосно дигитални јавни услуги“

Министерот Алити учествуваше на настанот во Тирана: Дијалози за дигиталната агенда – „Целосно дигитални јавни услуги“ [1]

Тирана, 23 септември 2022

Денеска во Тирана, заедно со министерката за стандарди на услугите во Албанија, г-ѓа Милва Економи, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити беше дел од панелот за дискусија каде што се разговараше за дигиталните јавни услуги.

Овој панел беше организиран во рамките на ICEDA (Increasing Civic Engagement for the Digital Agenda), на кој се разговараше за предизвиците, ризиците и плановите со цел обезбедување на квалитетни и функционални дигитални услуги кои заштедуваат време и го олеснуваат животот на граѓаните.

Министерот Алити ја истакна посветеноста на МИОА и важноста од размена на практики меѓу земјите од регионот, за да се биде што поблиску до потребите на граѓаните.


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/4291