Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Алити од Брисел: Остануваме посветени на усогласувањето на нашите закони со оние на ЕУ

Алити од Брисел: Остануваме посветени на усогласувањето на нашите закони со оние на ЕУ [1]

26 септември 2022

Денеска во Брисел, во просториите на Европската комисија, продолжува уште еден циклус објаснувања како дел од скрининг процесот и во однос на Функционирањето на демократските институции.

Вреди да се нагласи дека важен дел од објаснувањата е посветен на еден од столбовите на нашите институционални одговорности, претставен преку аудио и аудио-визуелните активности и услуги.  Дел од појаснувањата беа и елементите поврзани со професионализацијата на медиумите, регулирањето на прашањето за поддршка на медиумите како и независното новинарство.

Несомнено, продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на усогласување на нашите закони со оние на ЕУ!


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/4300