Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > Честитки од Министерот Алити до новиот генерален секретар на ITU, г-ѓа Дорин Богдан-Мартин

Честитки од Министерот Алити до новиот генерален секретар на ITU, г-ѓа Дорин Богдан-Мартин [1]

Букурешт, 29 септември 2022

На чело на Меѓународната телекомуникациска унија за првпат ќе биде жена, која ќе ја води Унијата во служба на унапредувањето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ).

,,Заедно со претставниците од 193 земји-членки на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) во светот, во рамките на Генералната конференција во Букурешт, за генерален секретар ја избравме г-ѓа Дорин Богдан-Мартин, која ќе раководи со организацијата за следниот мандат 2022-2026 година“, соопшти министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

По тој повод, министерот Алити  во својот говор, во име на Владата на Северна Македонија и го честиташе изборот на г-ѓа  Дорин Богдан-Мартин, посакувајќи и успех во нејзината мисија и изразувајќи надеж дека нејзиниот придонес позитивно ќе влијае на продлабочувањето на соработката меѓу земјите-членки.

 


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/4309