Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://mioa.gov.mk)

Почетна > ЗА МИНИСТЕРСТВОТО

МИНИСТЕРСТВО [1]

Министерството за информатичко општество и администрација ги врши работите што се однесуваат на:

  • развојот и промоцијата на информатичкото општество;
  • креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
  • интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
  • следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
  • телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
  • радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
  • законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
  • надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
  • развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
  • класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
  • водењето Регистар за државните и јавните службеници;
  • подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
  • развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
  • реформата во јавната администрација;
  • остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
  • врши и други работи утврдени со закон.

 

  • Правилник за внатрешна организација на Министерството за информатичко општество и администрација [2]
  • Органограм за внатрешна организација на Министерството за информатичко општество и администрација [3]
  • Правилник за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација [4]
    • Правилник за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација - консолидиран текст [5]
  • Извештај од функционалната анализа во министерството за информатичко општество и администрација [6]
  • Прашања од стручниот дел од испитот за административни службеници [7]
  • Прашања од општиот дел од испитот за административно управување и студии на случај [8]

 


Хиперврски:
[1] https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/64
[2] https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/Pravilnik_za_vnatreshna_organizacija_MIOA_2020.pdf
[3] https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/Organogram_za_vnatreshna_organizacija_MIOA.pdf
[4] https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/Pravilnik_za_sistematizacija_MIOA_2020.pdf
[5] https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/pravilnik_za_sistematizacija_mioa_2021_konsolidiran_v1.pdf
[6] https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/Funkcionalna%20analiza_MIOA.pdf
[7] http://aa.mk/prasanja-od-strucniot-del-od-ispitot-za-administrativni-sluzbenici.nspx
[8] http://aa.mk/prasanja-od-opstiot-del-od-ispitot-za-administartivno-upravuvanje-i-studii-na-slucaj.nspx