Политика на приватност
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кои Министерството за информатичко општество и администрација ги собира преку веб страницата mioa.gov.mk.
Заштитата на лични податоци е наш приоритет од високо значење. Личните податоци се обработуваат во согласност со начелата од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20).
Ваша обврска е да се запознаете со оваа политика за приватност и со политиката за колачиња на веб страницата.
На оваа веб страница ги документираме сите информации околу обработка на вашите лични податоци од наша страна при посета на нашата веб страница или праќање порака до нас при користење на нашите контакт форми.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст: МИОА), со седиште на бул.“Св.Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
телефон: +389(0)2 3200-870
факс: +389(0)2 3221-883
e-пошта: cabinet@mioa.gov.mk
Начин на обработка на личните податоци
МИОА собира и обработува лични податоци на следните категории на лица и на следните начини:
1. Лица кои поставуваат прашање во врска со примената на Законот за општата управна постапка (ЗОУП) до МИОА преку mioa.gov.mk.
Категории на лични податоци: Задолжително е да ја дадете вашата е-маил адреса. Може да собереме и други лични податоци кои не се задолжителни, а Вие доброволно ќе ги доставите во пораката.
Како: При пополнувањето на контакт форма за поставување на прашања во врска со примената на ЗОУП
Зошто: Обработката на вашата е-маил адреса е неопходна со цел да ви одговориме на вашето барање, во спротивно нема да може да се одговори на вашето прашање. Активностите на обработка на личните податоци кои се собираат преку пополнување на контакт форма достапна на веб страницата на МИОА, се извршуваат од страна на вработените задолжени за извршување на предметните активности.
Со кого ги споделуваме овие лични податоци: МИОА овие лични податоци не ги споделува со никого.
2. Вработените во јавниот сектор кои пријавуваат притисоци, уцени, и злоупотреби на работното место во изборен период преку контакт формата.
Категории на лични податоци: Не е задолжително внесување на лични податоци во контакт формата за пријавување на притисоци, уцени и злоупотреби на работното место во изборен период, но по ваш избор можете да внесете:
- Име и презиме
- Е-маил адреса
- Адреса на живеење
- Телефон
- Други лични податоци кои вие ќе одлучите да ги внесете во контакт формата
Како: При пополнувањето на контакт формата за пријавување на притисоци, која во определени периоди може да биде достапна на mioa.gov.mk.
Зошто: Доколку одлучите да ни ги дадете вашите лични податоци, ќе ги обработиме заради постапување по вашето барање. Активностите на обработка на личните податоци кои се собираат преку пополнување на контакт форма достапна на веб страницата на МИОА, се извршуваат од страна на вработените задолжени за извршување на предметните активности.
Со кого ги споделуваме овие лични податоци: Овие лични податоци не ги споделуваме со никого.
3. Лица кои поставуваат прашања, забелешки и предлози до МИОА преку контакт формата на mioa.gov.mk.
Категории на лични податоци: Во соодветно назначено поле од контакт формата, задолжително ги внесувате вашето: име, презиме, е-маил, телефон, наслов на пораката и содржината на пораката. Може да собереме и други лични податоци кои не се задолжителни, а Вие доброволно ќе ги оставите во пораката.
Како: При пополнувањето на контакт форма за поставување на прашања или упатување забелешки и предлози за работите од надлежност на Министерството.
Зошто: Обработката на вашите податоци е неопходна со цел да ви одговориме на вашите барања, забелешки и предлози. Активностите на обработка на личните податоци кои се собираат преку пополнување на контакт форма достапна на веб страницата на МИОА, се извршуваат од страна на вработените задолжени за извршување на предметните активности.
Со кого ги споделуваме овие лични податоци: МИОА овие лични податоци не ги споделува со никого.
Пренос на лични податоци
МИОА не ги пренесува вашите лични податоци на трети страни или во трети земји освен во случај на:
- Ангажирање на даватели на услуги ангажирани како обработувачи на лични податоци при што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на МИОА и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги
- Барање на суд, полиција, органи на надзор или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Информациска безбедност
МИОА презема соодветни безбедносни мерки за заштита од неовластен пристап или неовластена промена, откривање или уништување на податоците од корисниците. Тие мерки вклучуваат внатрешни прегледи на имплементација на политиките за информациска безбедност, вклучително и физички безбедносни мерки како заштита од неовластен пристап до системите кои што го овозможуваат техничкото функционирање на веб страницата.
Доколку, и покрај напорите вложени од страна на МИОА за обезбедување на податоците, неовластено лице пристапи до личните податоци на корисниците, МИОА ќе го извести субјектот на личните податоци и ќе ги преземе сите мерки согласно закон.
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, МИОА веднаш и не подоцна од 72 часа откако ќе дознае за истото ќе ја извести Агенцијата за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, како и субјектот на личните податоци кога за тоа се исполнети условите предвидени со Законот.
Кои се вашите права и обврски како субјект на личните податоци?
Законот за заштита на личните податоци ви дава одредени права како субјект Вашите права во однос на обработката на вашите лични податоци. Тие права и обврските на МИОА како контролор на личните податоци се:
Право на пристап до вашите лични податоци. По поднесување на ова барање, МИОА ќе ви достави информација за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, целите на обработка и правната основа, корисниците или категориите на корисници (доколку ги има), пренос на личните податоци во трети земји (доколку се пренесуваат), периодот за чување и вашите права како субјект на личните податоци.
Право на исправка на личните податоци. МИОА ќе направи исправка на вашите неточни податоци согласно вашето барање.
Право на бришење на личните податоци. МИОА ќе ги избрише личните податоци за кои ќе побарате бришење.
Право на ограничување на обработката на личните податоци. МИОА ќе ја ограничи обработката на вашите лични податоци согласно вашето барање.
Право на преносливост на личните податоци. МИОА ќе ви ги даде вашите лични податоци на начин на кој што ќе можете да ги пренесете на друг контролор на лични податоци.
Право на приговор на обработката на личните податоци. МИОА ќе постапи по приговорот против обработката на вашите лични податоци во врска со конкретна ситуација.
Давањето вистински, целосни и точни податоци е договорна обврска на субјектот на лични податоци.
За остварување на вашите права, како и за други информации во врска со заштитата на личните податоци, можете да ги контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци:
Елена Михајлоска
02/3200-927
Катерина Д. Трајковска
katerina.trajkovska@mioa.gov.mk,
02/3200-927
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека начинот на кој МИОА ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштитата на личните податоци.
Измена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Последен пат ажурирано на 29 март 2021