Скопје, 22 септември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе го презентира Националниот оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Панел дискусијата ќе се одржи на 22-ри септември 2017 (петок) со почеток од 11:00 часот во Клуб на пратеници.