Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 23 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го посети градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

На средбата се разговараше за можностите за меѓусебна соработка, при што беше констатирано дека е неизбежна соработката меѓу извршната и локалната власт, со цел поефикасна администрација и тоа преку изготвување Стратегии за ефективна работа, обуки и професионален развој на државната администрација.

Скопје, 22 септември 2020

На 21 септември се одржа петтата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Скопје, 22 септември 2020

Стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите американски држави уште еднаш беа потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија д-р Јетон Шаќири и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнс.

Скопје, 17 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Jeton Shaqiri  денеска одржа работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

На средбата беа разменувани искуства и разгледувани тековните и идни проекти, во насока на понатамошен развој на дигиталното општество и на економската сфера воопшто.

Скопје, 16 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Jeton Shaqiri денеска оствари работен состанок со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Ylber Sela.

На состанокот се разговараше за воспоставување на меѓусебна институционална соработка, со цел почитување на Законот за употреба на јазиците.

Притоа беше заклучено дека МИОА ќе ја има целосната поддршка и помош од страна на Агенцијата за примена на јазикот.

Скопје, 15 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска одржа заедничка средба со Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија  и со Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на ЕУ.

Скопје, 14 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се сретна со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата се разговараше за продолжување и унапредување на соработката, со посебен акцент на дигитализацијата и реформата на јавната администрација.

Скопје, 11 септември 2020

На денешната средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, г. Јаким Неделков и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС, г. Благоја Ралповски, разговаравме за прашања и проблеми кои ја засегаат јавната администрација, како и за создавање поповолни услови за работа.

Соработката ќе продолжи од двете страни за да се постигнат очекуваните резултати.

 

Скопје, 11 септември 2020

Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество спроведоа две дводневни онлајн обуки за отворени податоци.

На обуките, кои се одржаа во периодот од 31 август до 03 септември 2020 година, учествуваа офицерите за отворени податоци и лица кои работат во областа на отворени податоци од 22 државни институции.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form