Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 9 септември 2020

Соработката меѓу МИОА и ЦУП во однос на проекти поврзани со реформата на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги ќе продолжува.

Ќе се залагаме максимално за професионална, модерна и транспарентна администрација, истотака и наш заеднички приоритет е развојот на дигитализацијата.

 

Скопје, 04 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.

Средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и претставување на можностите за идна соработка.

Скопје, 31 август 2020
 
Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација денес беше извршено примопредавање на должноста министер за информатичко општество и администрација.

Новиот министер Јетон Шаќири ја превзеде функцијата од Дамјан Манчевски, кој беше министер за информатичко општество и администрација од јуни 2017 година.

Скопје, 04 август 2020

Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, на седницата одржана на 29.07.2020 година утврди Постапка за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство”  со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.

Скопје, 31 јули 2020

На 29 јули се одржа четвртата дописна седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Скопје, 22 јули 2020

На 20 јули се одржа третата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Седницата ја организираше и претседаваше г-ѓа Маја Петковска Лесес, ко-претседателка на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).

Скопје, 16 јули 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк.

Скопје 14 јули 2020

Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.

Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став.  

Скопје, 9 јули 2020

На денешниот, прв јавен настан „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, свои излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, проф. д-р Соња Филипоска редовен професор на ФИНКИ и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form