Скопје, 21 октомври 2020
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство Н.Е. Рејчел Галовеј.
На средбата, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од исклучително значење.