Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 20 октомври 2020

Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се обврзуваат да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Овој Mеморандум има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу страните со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ на секоја од страните во насока на:

Скопје, 22 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, учествуваше на вебинар организиран од NEXUS - Civil Concept и одделот  за јавна дипломатија на НАТО во Брисел. Вебинарот е дел од проектот насловен како: „Сајбер Хигиена: Разбирање на предизвиците за сајбер безбедност како важен дел од клучната задача на НАТО за колективна одбрана“.

Скопје, 21 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство Н.Е. Рејчел Галовеј.

На средбата, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од исклучително значење.

Скопје, 20 октомври 2020

Денеска се одржа работна средба со новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гер. Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што министерот Јетон Шаќири го запозна евроамбасадорот со проектите на министерството во насока на професионализација на администрацијата, развој на дигитализација на јавните услуги, како и активностите кои ќе се преземат за подобрување на климата за слобода на медиумите и нивната финансиска независност.
 

Скопје, 20 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн. Се разговараше за тековните проекти на министерството, предизвиците и остварените цели, како и идните планови за соработка.
 

Скопје, 20 октомври 2020

Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност за наградување на петте најдобри студенти од ИКТ факултетите во Република Северна Македонија. Станува збор за онлајн студиската програма „Huawei Seeds for the future” која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата.Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei. Програмата ќе се одржува од 2ри до 6ти Ноември 2020 на јавната образовна платформа iLearningX.

Скопје, 15 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска ја прими постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан.

Скопје, 13 октомври 2020

Соработката меѓу МИОА и СИГМА/ОЕЦД, беше главната тема на состанокот кој денеска се одржа онлајн.

Скопје, 13 октомври 2020

Денеска се одржа онлајн состанок со Фондацијата Метаморфозис, на кој учествуваше министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form