Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 08 октомври 2020

Денеска се одржа 10-от јубилеен состанок на специјалната група за реформата на јавната администрација(СГ-РЈА), помеѓу Европската унија и Република Северна Македонија.

Скопје, 07 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири одржа работна средба со директорот на Управата за водење на матични книги Бујар Дардишта.

Скопје, 07 октомври 2020

На денешниот состанок со Амбасадорот на ОБСЕ, Н.Е. Клеменс Која, поразговаравме за приоритетите на Министерството за Информатичко општество и Администрација и можноста за продлабочување на соработката со ОБСЕ во поддршка на реформата на јавната администрација, процесот на дигитализација, сајбер безбедноста, и потребата за унапредување на родовата еднаквост во јавниот сектор.

Скопје, 02 октомври 2020

Денеска во просториите на МИОА имаше работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири и директорката на Светска Банка за Северна Македонија и регионален директор, г-а Линда Ван Гелдер.

Скопје, 2 октомври 2020

Министерот Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп, на која се разговараше за можностите за продолжување на успешната соработка, во однос на проектите за кои е задолжено министерството.

Скопје, 30 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се обрати на е-конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“. Целта на настанот беше да се промовира иницијативата ОВП меѓу граѓанските организации, подетално да ги информира за придобивките и остварениот прогрес и да создаде простор за дискусија за следните чекори во ко-креирањето на новиот акциски план.

Скопје, 29 септември 2020

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска имаше обраќање на видео-конференција за 5G и Дигитална економија. На конференцијата присуствуваа преставници од Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и претставници од релевантни институции од Република Северна Македонија.

Скопје, 28 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска одржа прес конференција, по повод мандатното писмо на претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев.

Во продолжение видеото од говорот на министерот.

 

Скопје, 25 септември 2020
 

На иницијатива на министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири, а со цел унапредување на угледот на Северна Македонија како модерна и иновативна земја во Европа, беше остварена работна средба со менаџерот на MasterCard за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија, г-а Ванја Манова, како и главниот директор на Евротраст г-дин Георге Димитров.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form