Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 24 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се обрати на настанот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, во организација на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата, а поддржан од Холандската амбасада. 

24 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани-УПОЗ Пецо Грујовски.

Скопје, 23 септември 2020

Соработката меѓу двете министерства во однос на реформите во јавната администрација и дигитализацијата, беа темите на работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Скопје, 23 септември 2020

На денешната средба со претставниците на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), заедно со актуелниот претседател Дарко Димовски, разговаравме за реформите во јавната администрација и дигитализацијата, што се во фокусот на работата на нашето министерство.

Средбата беше посветена на запознавање и претставување на можностите за меѓусебна соработка, која ќе продолжи и во иднина.

Скопје, 23 септември 2020

Остваривме работен состанок со претставниците на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), на којшто имавме конструктивна дискусија во однос на аспектите за ефективно менаџирање.

Воедно, од нивна страна беше извршена презентација на оваа тема, по што беа разменети искуства и предлози за можна соработка и во иднина, како што е организирање на работилници, а со цел зајакнување на успешноста на институциите и нивната професионалност.

Скопје, 23 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го посети градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

На средбата се разговараше за можностите за меѓусебна соработка, при што беше констатирано дека е неизбежна соработката меѓу извршната и локалната власт, со цел поефикасна администрација и тоа преку изготвување Стратегии за ефективна работа, обуки и професионален развој на државната администрација.

Скопје, 22 септември 2020

На 21 септември се одржа петтата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Скопје, 22 септември 2020

Стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите американски држави уште еднаш беа потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија д-р Јетон Шаќири и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнс.

Скопје, 17 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Jeton Shaqiri  денеска одржа работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

На средбата беа разменувани искуства и разгледувани тековните и идни проекти, во насока на понатамошен развој на дигиталното општество и на економската сфера воопшто.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form