ЗАМЕНИК МИНИСТЕР

Александар Бајдевски стапува на функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација на 22 јуни 2017 година.
Од 2011 година работи во Министерството за информатичко општество и администрација во секторот за финансиски прашања. Помеѓу 2008 и 2010 година работел во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија. Во периодот од 2005 и 2006 година работи како Соработник во канцеларијата на тогашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија.
Од 2000 до 2005 е советник во Советот на општина Кисела Вода.
Тој исто така е Заменик член на комитетот за буџет на Регионална школа за администрација-РеСПА, Даниловград.
Г-дин Бајдевски дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Финансиско сметководствен менаџмент.
ПОДАТОЦИ ОД АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ(линк до ДКСК)
*Нето плата на Заменик министерот за информатичко општество и администрација: 62.041,00 денари.