Совет за ОВП
Почитувани,
Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година е советодавно тело за Отворено владино партнерство на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Отворено владино партнерство, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот има за цел да ја поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа и учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата Отворено владино партнерство во Република Северна Македонија, да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество; да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на Отворено владино партнерство и во подготовката на акциските планови за Отворено владино партнерство и за поддршка, поттикнување и следење на спроведување на тековниот акциски план.
Советот го следи спроведувањето на Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година; разгледува и предлага извештаи за спроведување на акциските планови, согласно роковите утврдени од Владата на Република Северна Македонија и меѓународната иницијатива; разгледува и предлага насоки за унапредување на процесот согласно насоките кои произлегуваат од меѓународната иницијатива; ја утврдува временската рамка и начинот на спроведување на процесот на ко-креирање на акциските планови; спроведува постапка на консултации за Предлог акциските планови и го предлага акциските планови за Отворено владино партнерство до Владата на усвојување; обезбедува континуиран дијалог на органите на државната управа, граѓанските организации, бизнис секторот, академската заедница, медиумите, и други претставници од засегнатата јавност за унапредување на стандардите за отвореност и транспарентност на властите.
ДАТУМ | БРОЈ НА СЕДНИЦА | ЗАПИСНИК | ИЗВЕШТАЈ ОД ГЛАСАЊЕ |
---|---|---|---|
02.11.2020 | 6-та Седница на Советот | ||
21.09.2020 | 5-та Седница на Советот | Записник | |
29.07.2020 | 4-та Седница на Советот | Записник | Извештај |
20.07.2020 | 3-та Седница на Советот | Записник | |
09.06.2020 | 2-ра Седница на Советот | Записник | |
06.05.2020 | Конститутивна седница на Советот | Записник |
Р.бр |
Име и презиме |
Институција |
Е-маил |
---|---|---|---|
1. |
Маја Петковска Лесес |
Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност |
|
2. |
Герман Филков |
Центар за граѓански комуникации |
|
3. |
Маја Коневска |
Државна комисија за спречување на корупцијата |
|
4. |
Миша Поповиќ |
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ |
|
5. |
Горан Мојаноски |
Министерство за финансии |
|
6. |
Дарко Антиќ |
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените |
|
7. |
Надица Јосифовски |
Министерство за информатичко општество и администрација |
|
8. |
Мартин Тодевски |
Центар за управување со промени |
|
9. |
Ели Чакар |
Министерство за локална самоуправа |
|
10. |
Благица Димитровска |
Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива“ |
|
11. |
Душан Томшиќ |
Министерство за труд и социјална политика |
|
12. |
Ивона Сталевска |
Фондација Отворено општество – Македонија |
|
13. |
Теодора Обрадовиќ Грнчаровска |
Министерство за животна средина и просторно планирање |
|
14. |
Наташа Марковска |
Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија-МАНУ |